Реакција од МОН на соопштението на општина Центар

Од:

„Министерството за образование и наука реагира на соопштението на општина Центар во врска со случувањата во основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ кое изминатите 4 години работи согласно ИБ програмата, престижна меѓународна наставна методологија која за жал, поединци од менаџментот и наставниот кадар на училиштето, силно поддржани од структури на локалната самоуправа и советот на општината се обидуваат да ја укинат наводно поради незадоволителен квалитет, притоа обидувајќи се целата ситуација да ја претстават како волја на родителите на учениците и на мнозинството наставници, за што не постојат никакви факти и докази.

Вистината е дека ИБ претставува привилегија за секое училиште. Станува збор за програма со силен фокус и стимулација на учениците да истражуваат, да бидат повеќе креативни, критички да размислуваат и да стекнуваат трајни вештини, знаења и познавања на областите кои ги изучуваат. Таа го заменува класичниот начин на предавање на табла, а акцентот е ставен на повеќе интерактивна и практична настава. Програмата е поддржана од наставниците, родителите и учениците и дава исклучително позитивни резултати кај нас, исто како и во сите останати 145 земји и 3.500 училишта каде што се применува.

Особено мора да се потенцира дека ИБ програмата во училиштето “Св. Кирил и Методиј“ е воведена во 2013 година на барање на училишниот одбор. Тоа е истото тело, кое сега, по назначувањето на нов директор од страна на градоначалникот на општина Центар, покренува иницијатива за нејзино укинување, иако во изминатите 4 години, неговите членови ги изготвувале годишните програми за работа на училиштето, кои предвидувале континуитет во ИБ наставата и конечно поднесување акредитација за стекнување на статусот светско ИБ училиште.

Училишниот одбор пред само неколку месеци, практично пред почетокот на учебната година ја изработил и усвои новата програма за работа на училиштето за учебната 2016/2017 година во која исто така се гарантира континуитет на ИБ токму поради исклучителниот квалитет, за што согласност дал и Советот на општина Центар, а сега со иницијативата за нејзино укинување, всушност потврдува дека ги изманипулирал родителите кои ги запишале своите деца во ова училиште токму поради оваа програма. Кроењето на туѓи судбини е недозволиво и токму затоа, револтот на родителите е голем и целосно оправдан.

Без да навлегуваме во причините за менување на ставот кон имплементирањето, факт е дека одлуката да се укине ИБ програмата е целосно спротивна од најдобриот интерес на учениците во ова училиште и го нарушува континуитетот во едукацијата согласно досегашниот модерен концепт на настава и совладување на материјата. Но, ова не е прв пат во училиштата во општина Центар да има сценирани настани, кои ги вознемируваат и дефокусираат учениците од основната цел поради која го посетуваат училиштето и создаваат раздор меѓу нивните родители и меѓу наставниците. Министерството за образование и наука и овој пат, ќе ги преземе и примени сите неопходни правни механизми и мерки во насока на заштита на учениците и непречена реализација на воспитно образовниот процес“ стои во реакцијата од Министерството за образование и наука.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on