Трошоците на животот во март годинава, во споредба со март 2016 година, бележат пораст од 0,6 отсто, а индексот на цените на мало пораст за 2,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци во март годинава трошоците во споредба со претходниот месец се повисоки за 0,5 отсто, а цените на мало за 1,4 проценти.
Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7,3отсто, тутунот за 2,6 отсто, безалкохолните пијалаци за 0,8 отсто, другите пекарски производи за 0,7 отсто, полномасното млеко, сувото овошје и јаткастите производи за 0,6 отсто, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,5 отсто, замрзнатото овошје за 0,4 отсто, брашното и другите житарици за 0,2 отсто.
Во март, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 24,2 проценти, болничките услуги за 6,6 отсто, чистењето, поправката и изнајмувањето на облека за 6,2 отсто, телефонските и факс услугите за 5,9 отсто, ветеринарните и другите услуги за домашни миленици за 4,4 отсто, парамедицинските услуги за 4,3 отсто, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 3,8 отсто, туристичките аранжмани за 2,5 отсто, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 1,9 отсто, велосипедите за 1,3 отсто, услугите за одржување на станот и услугите за култура за 0,9 отсто, стоматолошките услуги за 0,6 отсто, течните горива за домаќинствата за 0,5 отсто, гасот за домаќинствата, малите електрични апарати, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, информатичката опрема, книгите и угостителските услуги за 0,4 отсто, цврстите горива за домаќинствата, теписите и другите прекривки за под и текстилот за домаќинство за 0,3 отсто, материјалите за одржување и поправки на станот, мебелот за домаќинствата, другите медицински производи, услугите и предметите за лична хигиена и здравје за 0,2 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 3,6 отсто, другите преработки од риба и морски плодови за 1,4 отсто, оризот и компирот за 0,9 отсто, јогуртот за 0,5 отсто, житариците, рибата и морските плодови за 0,3 отсто, месото, сирењето и урдата, маслото и маснотиите, другите прехранбени производи и алкохолните пијалаци за 0,2 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај опремата за фиксни телефони за 4,5 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 1,5 отсто, облеката, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти и другите услуги, неспомнати на друго место за 0,8 отсто, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинство за 0,6 отсто, лековите за 0,5 отсто, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0,3 отсто и обувките за 0,2 отсто.