Премиерот Груевски на Самит на Европските народни партии во Брисел

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска ќе присуствува на Самитот на Европските народни партии (ЕПП) што напладне ќе започне во Кралската академиja во Брисел.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во присуство на лидерите на земји-членки на Европската унија и на земји што се уште не се членки на ЕУ, како и на опозициски лидери, Груевски како претседател на народната партија ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претставува Македонија на овој Самит на чија агенда е подготовката на самитот на Европскиот совет кој започнува попладнево, а ќе трае два дена.

Вилфред Мартенс, претседателот на ЕПП, која е најбројна партија и во Европскиот парламент, ќе биде домаќин на овој партиски Самит, заедно со генералниот секретар Антонио Лопез-Истуриз. Почесни гости се очекува да бидат претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј и првиот човек на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо.

На денешниот Самит на ЕПП е најавено и присуството на германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Романија Трајан Басеску, како и премиерите  на Луксембург Жан-Клод Јункер, на Унгарија Виктор Орбан, на Полска Доналд Туск, на Бугарија Бојко Борисов, на Грција Андонис Самарас, на Албанија Сали Бериша, на Словенија Јанез Јанша, на Шведсска Фредрик Рајнфелт, на Летонија Валдис Домбровскис, на Малта Лоренс Гонци, на Финска Јурки Катаинен, на Португалија Педро Пазос Коељо и на Молдавија Влад Филат.

Од опозициските лидери се очекува да присуствуваат Енда Кени од Република Ирска и Михаил Саакашвили од Грузија, како и членот на претседателство на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ.

Сите самити на ЕПП се сметаат како клучни во однос на самитите на Европскиот совет и затоа се одржуваат во ист ден. А според нивото на присутните гости, ова е најзвучен и најзначаен не-институционален самит на кој се носат важни одлуки за европската иднина.

Најавено е дека самитот ќе трае од 13 до 17 часот, при што секој од присутните лидери има право на збор за време на состанокот на тркалезната маса. Затоа не е исклучена и можноста македонскиот премиер Груевски да и се обрати на присутната европска политичка елита, а на маргините на самитот се можни и билатерални средби.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он