Укинати забраните за камиони на Маврово-Дебар, Стража и Македонски Брод-Прилеп

Од:

Забраните за тешки товарни возила на патнитe правци Маврово-Дебар, планинскиот превој Стража и Кичево- Македонски Брод – Прилеп се укинати, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Активни остануваат забраните на патните правци Дебар-Струга и Тетово-Попова Шапка.

Забраната за движење тешки товарни возила беше воведена поради остатоци од снег на коловозот.

На останатите магистрални и регионални патни правци сообраќајот се одвива отежнато и забавено во зимски услови, по влажни коловози. Поради многу ниски температури можна е појава на голомразица.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози