Албанскиот премиер Сали Бериша ја обвини опозицијата за тоа што Советот на министрите за надворешни работи во ЕУ не и даде на државата статус на кандидат за членство во ЕУ, објавуваат денеска весниците во Тирана.
– Трета година по ред Албанија не добива таков статус поради фактот што опозицијата не гласа за три закони кои се услов за напредок на државата на патот кон ЕУ, изјави Бериша.
– Еди Рама (лидер на Социјалистичката апртија) ја реализира сатанската намера да го блокира стстусот кандидат за членство на Албанија, верувајќи слепо дека тоа ќе му ги подобри позициите на следните избори, додаде Бериша.
Тој повика сите министри да продолжат да работат за да може државата да одговори на барањата на ЕК.