Затвореник, осомничен дека е член на Ал Каеда, предизвика експлозија во затвор во Багдад, при што беа повредени четири лица.
Затвореникот, што го предизвикал пожарот е тешко повреден.
Претходно, затвореникот успеал да собере количество експлозив и смести околу појасот, карактеристично за бомбашите-самоубијци. Се уште не е познато од каде и како затвореникот дошол до експлозивните средства.
Напаѓачот е осуден на смрт според законот за борба против тероризмот. За предизвикување на експлозијата, затвореникот користел и гориво, се наведува во соопштението на ирачкото Министерство за правда.