Буџетскиот дефицит на САД за ноември е 172 милијарди долари

Од:

Буџетскиот дефицит на САД се зголеми во ноември во однос на претходниот месец, што е знак дека најголемата економија во светот е на пат да забележи петти последователен годишен дефицит над билион долари, соопшти Министерството за финансии во Вашингтон.

Во соопштение се вели дека дефицитот на буџетот минатиот месец се зголемил на 172 милијарди долари од октомвриските 120 милијарди. Ноемврискиот дефицит исто така е за 25 отсто повисок во однос на истиот месец минатата година.

Вашингтонската администрација буџетската 2012 година ја заврши со дефицит од 1,1 билион долари.

Претседателот Обама и Конгресот се под притисок да го ограничат дефицитот во рамки на планот за спречување на растот на даноците и буџетско штедење кои треба да стапат на сила на 1 јануари 2013 година.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина