Туск и Меј сакаат да ги намалат тензиите при преговорите за Брегзит

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и британската премиерка Тереза Меј се договорија да се стремат кон тоа да се смират тензиите за време на преговорите за излез на Велика Британија од Европската унија.

Неименуван претставник од ЕУ нагласи дека тие се согласиле да бидат смирени тензиите, особено при разговорите за „тешки прашања“ како што е случајот со Гибралтар.

Тој наведе дека денешната средба на Меј и Туск во Лондон, што траела околу два часа, поминала добро и во пријателски дух.

– Двајцата се договорија да продолжат со редовни контакти при целиот процес за Брегзит, со цел да го задржат конструктивниот пристап и да бидат насочени кон намалувањето на напнатоста при разговорите по сите прашања, па дури и они што се покомплицирани како на пример прашањето за Гибралтар, истакна анонимниот претставник.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он