Вечерва во општина Центар беше отворен нов штаб на „Сојузот за иднината„, уште едно место за дружење и собирање на граѓаните од општината.
Штабот е за граѓаните, кои тука ќе можат да пофалат и да се пожалат и да ги искажат своите барања и очекувања од новиот градоначалник на Центар.
На отворањето со жителите од Центар се дружеа кандидатот за градоначалник Андреј Жерновски, пратеникот Емилијан Станковиќ и претседателката на Клубот на жени на СДСМ Цветанка Ласкова.