НСДП: Уништувањето на македонското општество е најкраткиот пат за бегство на Груевски

Од:

„Ако уништувањето на државата беше најкраткиот пат за богатење на Груевски и неговата фамилија, сега уништувањето на македонското општество и подгревањето на меѓуетничките тензии се неговиот најкраток пат за бегство од одговорноста и казнено-поправните институции.

Оваа своја намера, за чие остварување е подготвен да плати и со меѓуетнички судири, Груевски се обидува да ја сокрие и спакува со тези дека „решението е во рацете на народот“, односно кај оние кои во моментов принудени и уцените протестираат по улиците.

„Да не видат колку сме, можеме да се собереме и во неколку пати поголем број“ – е гласот на уценетите и потчинетите кои се обидуваат да го поплочат бегството на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ од резултатите на изборите, кога мнозинството граѓани јасно и недвосмислено се изјасни за возобновување на демократијата.

Во моменти на блокирање на процесите на демократско и мирно примопредавање на власта, повикувањето на „народот“ и наводното префрлање на одлуките во негови раце, а притоа игнорирање на неговата одлука од 11 декември, само потврдува дека она што го порача првиот човек на ЕУ, Туск дека решението на кризата треба да се темели на демократските процеси, парламентарната демократија и „здравиот разум“ е нешто кое не се вклопува во политичките проекции и капацитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Во „отсуство на разум“ кај новата опозиција, ако и некогаш бил присутен за сега да „отсуствува“, и недоверба кон ЕУ и НАТО, кон пораките од западните партнери на Македонија, добро би било во овој театар на апсурд да се спроведе објективно преборујавње на „народот“, граѓаните да се повикаат да застанат на двете страни на автопатската делница која ја дели државата на источна и западна, и “да не видат“ колку сме, кои сме и како ќе одлучуваме за веќе одлучени работи. Имајќи разбирање за недовербата на Никола Груевски кон Западот, за да се задоволи може да се побараат и посматрачи од Истокот, од Кина и Русија, за овој процес на „пребројување на народот“ да доведе до објективната состојба со бројката на граѓани кои поддржуваат, толерираат и одобруваат криминал и корупција во државата, и на оние кои се водени од духот на правдата и демократија.

Во „отуство на разум“ само таквото пребројување може да биде политички логична последица на самопонижувањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во нивната заслепена покорност кон криминогени политички лидери за кои јасно изразената волја на 700 илјади граѓани претставува „малцинство“ во однос на 460-те илјади гласови. Можеби и само на тој начин Македонија може да раскине со математиката на Груевски, според која збирот од месечните примања, по основ на плата, од 88.139 денари, годишно може да даде заштедата од 118.629 евра“ се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ