Јункер: Австрија е должна да го исполни планот на ЕУ за раселување кандидати за азил

Од:

Австрија е должна според закон да го исполни планот на Европската унија за раселување кандидати за азил од Италија и Грција, изјави претседателот на Европоската комисија Жан Клод Јункер.

Во писмо до австрискиот канцелар Кристијан Керн, Јункер отфрли барање на Виена квотите да не важат за нив.

Аргумент на Австрија беше дека таа е една од државите во ЕУ со најголем број молби за азил по глава на жител.

Јункер додава дека бројот на мигрантите кои пристигнале во таа држава е намален по 2015 година. Тој сепак остава можност за компромис, а тоа е Австрија да ги прими предвидените 2.000 кандидати за азил поетапно.

Планот на ЕУ е да се распоредат во Унијата вкупно 160.000 мигранти.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп