Отежнат сообраќај на сите патни правци

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива исклучително отежнато и забавено во зимски услови, по влажни и лизгави коловози, со големи остатоци од снег на коловозите, информира Автомотосојузот на Македонија.

Активни забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Дебар – Струга, Кичево – Македонски Брод – Прилеп и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде што забраната важи и за автобуси.

Појава на магла со видливост од 30 метри има на патниот правец Групчин – Тетово, информира ЈП Македонијапат чии дежурни екипи се на терен и редовно ги контролираат, опесочуваат и расчистуваат сите патни правци.

Оттаму информираат дека поради многу ниски температури во утринските часови се можни подмрзнувања и затоа се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, пак, апелира до сите учесници во сообраќајот да внимаваат на сложените сообраќајни услови во овој период.

РСБСП препорачува во секоја можна пригода да се користи градски или јавен превоз, возачите да ја одржуваат техничката исправност на своите возила, да се употребуваат зимски гуми заради подобра безбедност при управување со возилото.

– Поседувањето на комплетна зимска опрема е задолжително. Пред возење, по потреба, возилото треба темелно да биде исчистено од снег и мраз, а стаклата од замагленост. Добро да се процени состојбата на коловозот при учество во сообраќај, поради можноста од снежни наноси и голомразица, кои се основни причини за сообраќајни незгоди во овој период, соопшти Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

За патување вон градските средини да се провери состојбата на патниот правец и консултација на телефонскиот број на Автомотосојузот на Македонија 15 555. Во случај на потреба од помош на пат возачите да се обратат на телефон 196.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска