Путин сака Русинките да имаат по три деца

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика Русинките да раѓаат повеќе деца и нагласи дека според него најразумно е во едно семејство да има три деца.

Путин во неговото традиционално годишно обраќање до нацијата предупреди дека доколку овој негов апел не стане реалност, Русија ќе се претвори во сиромашна земја, неспособна да ја штити сопствената територија.

Претседателот сепак призна дека е потребно да се создадат поволни услови за повеќето жени да не стравуваат да родат и второ или трето дете.

Тој вети брзо решавање на прашањето за недостиг на детски градинки и додаде дека властите размислуваат за финансиска помош за семејствата, кои ќе се одлучат на трето дете.

Населението во Русија во моментов брои 143 милиони лица. По распадот на Советскиот сојуз населените на земјата е намалено за пет милиони лица. ац/18:06

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина