Најмалку две лица загинаа, а четворица се повредени во силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала, што го погоди североисточен Иран, 87 километри југоисточно од градот Машхад, пренесе ТАСС.
Најмалку седум населени места се делумно разурнати. Во областа се испратени спасувачки екипи.
Регистрирани се и четири вторични потреси, со јачина меѓу 3,6 и 4,7 степени.
Иран се наоѓа во зона на повисока сеизмичка активност.