Без струја утре делови од Карпош, Чаир, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај

Од:

Поради технички зафати во електро-мрежата утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Чаир, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај.

Од РЦУК Скопје соопштија дека утре од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците Париска и Прашка во општина Карпош, од 08:00 до 11:00 часот дел од корисниците од ул. Самоилова, ул. Архиепископ Ангелариј (Теодосиј Гологанов), ул. Градиште, улиците 371 и 379 се до црквата „Св. Спас“ и локалите околу „Наргиле“ во општина Чаир.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците на селата Раштак и Булачани во општина Гази Баба, од 09:00 до 11:00 часот корисниците од ул. Димо Хаџидимов бр 15а во општина Кисела Вода, од 11:00 до 15:00 часот дел од корисниците од селото Крушопек, областа Лака во општина Сарај, а од 10:00 до 15:00 часот дел од корисниците од улиците Виенска и Нобелова во општина Карпош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето