Претставен урбанистичкиот план за индустриската зона „Билото“ во Гевгелија

Од:

Општина Гевгелија денеска јавно го претстави урбанистичкиот план, вон населено место, за индустриската зона „Билото“ која се наоѓа во КО Прдејци со вкупна површина од 82,8 хектари, наменета за градба на производствени објекти.

Јавната презентација на урбанистичкиот план се одржа во салата на Народниот театар, а овој урбанистички документ од утре до 13 април, во времето од 8 до 16 часот, ќе биде изложен во просториите на Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и заштита на животната средина на општина Гевгелија заради спроведување на еднонеделната јавна анкета.

Во наведениот рок, заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со планот, на анкетни листови или пак преку информативниот систем е-урбанизам, ќе можат да ги доставуваат своите мислења, предлози и забелешки.

Би можело да ве интересира

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло