Ласовска: СДСМ ги манипулира работниците преку паушални и непроверени ветувања

Од:

СДСМ говори за работнички права, а во нивно време се затворија 684 фабрики и на улица оставија над 200.000 работници. Од нив повеќе од половина беа жени. Каде беше СДСМ тогаш да се грижи за работничките и нивните семејства кои ги оставија без егзистенција и без никакво здравствено осигурување за своите деца. Ова го истакна на денешната прес-конференција Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на обвинувањата на Магдалена Несторовска од СДСМ.

Очигледна е, рече таа, нервозата во редовите на СДСМ. – Тие молчат и не се откажуваат од Тиранската платформа, но револтот на граѓаните секојдневно расте заради загриженоста од губењето на државата. Токму затоа СДСМ држи празни прес-конференции со цел на јавноста да и го одвлече вниманието со наводен план за живот, кој по изборите се претвори во план за разнебитување на Македонија, рече Ласовска.

Според неа, Магдалена Несторовска е презафатена со функциите и во Министерството за одбрана и во Општина Карпош за да ја согледа реалноста и, како што рече, мора да си ги одработи парите со пласирање на лажни вести и лицемерие.

– Ако Несторовска и СДСМ сакаат да зборуваме за грижа за работничките права, особено на жените, тогаш треба да погледнат што се има во таа насока реализирано Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, истакна таа.

Грижата за работниците, посочи Ласовска, најдобро се гледа и во делот на висината на платата која ја земаат. – Во 2016-та просечна нето во производство на текстил е 15.356 денари, во производството на облека е 12.695 денари, а во производството на кожа и слични производи од кожа е 11.571 денар. Во време на СДСМ не постоеше минимална плата. Минималната плата во 2012-та година првпат беше воведена и има континуиран раст и во моментот изнесува 10.080 денари, додаде таа.

ВМРО-ДПМНЕ изминатите 10 години спроведе мерки и проекти со цел, како што рече Ласовска, унапредување на работничките права и недозволиво е, додаде таа, политичарите од СДСМ да ги манипулираат работниците преку паушални и непроверени ветувања.

Би можело да ве интересира

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, економски развој и борбата против корупцијата

А1он

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов