Директорот на БЈБ Тодоровски на конференција во Берлин

Од:

Делегација на МВР, предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски денеска во Берлин, Германија присуствуваше на завршната Конференција на проектот финансиран од страна на Европската Комисија, насловена „Борба против организираниот криминал со посебен акцент на трговијата со дрога и превенција од тероризмот ДЕТ ИЛЕЦУ 2“.

На конференцијата, покрај раководителите на проектот од Австрија и Германија, соопшти денеска МВР, учествуваа и делегации на сите челни земји од западен Балкан, предводени од страна на челните луѓе на полициите.

Во рамки на конференцијата, Тодоровски имаше и свое обраќање во кое што ги потенцираше улогата и значењето на проектите ИЛЕЦУ’с и ДЕТ ИЛЕЦУ’с 2, притоа посебно акцептирајќи ја активната улога на македонската полиција во имплементација на наведените проекти, со чие што реализирање евиденто е  подобрена прекуграничната соработка на полициите во регионот и пошироко.

Тодоровски истакна дека Македонија ќе го подржи и проектот ИЛЕЦУ 3, којшто ќе биде воден во текот на неговата имплементација од страна на Сојузната полиција на Австрија.

Како што соопшти МВР, на Конференцијата директорите на полициите потпишале Меморандум за разбирање кој претставува декларативен израз за зајакнување на соработката помеѓу органите за спроведување на законот на земјите од регионот.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он