СДСМ: Иванов да дојде при здрав разум и да не штети на државните интереси

Од:

„Ѓорѓе Иванов не смее повеќе да штити криминалци и мора да овозможи мирен трансфер на власта!

Со Ваквото негово однесување, Иванов претставува директна закана за државните интереси на Република Македонија!

Европа и светот гледаат дека однесувањето лично на Ѓорге Иванов не се заснова на демократски начела, пристојност и здрав разум!

Затоа е таква и последната порака од лидерите и институциите на ЕУ, што во Македонија ја пренесе претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Иванов и Груевски не смеат повеќе да работат на создавање бинационална држава и да го кочат заедништвото, посебно кога е тоа јасно нагласено за напредувањето на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО.

Интергациите во Европската унија и НАТО се стратешки определби на граѓаните и на Република Македонија.

Реформските процеси се врвен приоритет во Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто обезбедува владеење на правото и квалитетен живот во едно општетство за сите граѓани.

За заедништво се изјаснија над 700.000 граѓани на Македонија, чиишто гласови се преточени во 67 пратенички мандати.

Тоа е демократски формирано парламентарно мнозинство, кое што застана зад претседателот на СДСМ, Зоран Заев и мнозинската волја на граѓаните ќе се реализира. Ќе се формира новата реформска Влада на граѓаните на Република Македонија“ се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ја постави борбата против родово-базираното насилство како државен приоритет

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Радеска: Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон

Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Предраг Петровиќ

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он