Урбанизацијата на селото Николиќ приоритет за општина Дојран

Од:

Урбанизацијата на селото Николиќ ќе биде еден од приоритетите на општината со цел да се овозможи продажба на парцели за изградба на викендици и развој на туризмот за што постои голем интерес, најавија денеска од општина Дојран.

– Проектот за урбанизација на Николиќ кој има крајбрежје со идеални услови за развој на туризмот, се наоѓа во завршна фаза и скоро ќе биде готов, потврдија од Секторот за урбанизам од каде што потенцираа дека покрај ова се размислува да се урбанизира и просторот околу плажата за изградба на современ авто камп по примерот на своевремено познатиот автокамп „Ачикот“ кој беше подигнат на истиот простор.

Во околината на Николиќ почна да се гради и најавената плажа со должина од 100 метри која ќе се протега до границата со Грција. За реализација на овој проект општина Дојран доби 6,3 милиони денари преку Центарот за развој на југоисточниот плански регион. Се очекува плажата да биде готова до почетокот на летото.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран

Пожарот во Дојран брзо се шири, градоначалникот бара помош и вели веројатно е подметнат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во Дојран: зафатени три куќи, се евакура населението

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Поради пожарот на Богородица/Евзони, возилата се пренасочуваат на Дојран

Катерина Ѓуровски