СДСМ: Новата Влада носи правда за сите, блокадата на Собранието нема да ги спречи промените

Од:

„Maкедонија ќе биде правна држава. Ќе има темелни реформи во судството и обвинителството и ќе има правда за сите!

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ затоа ги кочат демократските процеси во Парламентот. Тие мислат дека така можат да го заштитат раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност за правените криминали на штета на граѓаните, изминатите 10 години.

Ниту Никола Груевски, ниту пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои си реплицираат сами на себе во Собранието, погазувајки го сопственото достоинство, нема да ги спречат промените и правдата.

Околу 700.000 граѓани избраа промени и правда и тоа ќе се преточи во институциите на системот.

Мнозинството граѓани во Македонија се изјаснија против партиски судови во кои нарачани пресуди пишуваат судии од тевтерчето на Јанкулоска и фамилијата.

Граѓаните не сакаат недостижна правда, зашто таа им следува по Устав и закон. Судството и јавното обвинителство во голем дел ја штитеа корупцијата на највисоките нивоа во досегашната власт.

Потребна е Влада која ќе ги ослободи судството и обвинителството чија основна обврска е заштитата на основните човекови права. Во Програмата, новата реформска Влада на унитарна Македонија се обврзува дека ќе спроведе темелни реформи во оваа област и ќе обезбеди независно судство.

Затоа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ мора да ја одблокираат работата на Собранието, наместо да штитат криминали.

Ќе биде избран нов претседател на Собранието и тој потоа веднаш ќе го извести Ѓорге Иванов дека има парламентарно мнозинство од 67 пратеници, за да му го даде мандатот на претседателот Зоран Заев кој ќе ја формира новата реформска Влада на граѓаните на Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ја постави борбата против родово-базираното насилство како државен приоритет

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Радеска: Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон

Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Предраг Петровиќ

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он