Делови на централна и северна Индија се зафатени од невообичаено топол бран за овој период од годината, при што се измерени температури меѓу 36 и 44 степени Целзиусови, јави ДПА.
Според Индиската метеоролошка агенција, во планинските региони во северниот дел на Индија температурите достигнаа до над 30 степени Целзиусови, што е за пет до осум степени повеќе од вообичаените за почетокот на април.
Реонот на Индопакистанскиот потконтинент во средната на 2015 година исто така беше зафатен од невообичани жештити, при што во одредени региони температурите достигнаа до 50 степени Целзиусови. Како последица на големите жештини во Индија тогаш починаа околу 2.000 лица, а во Пакистан речиси 1.200.
Американската Национална акдемија на науките неодамна објави извештај во кој се предвидува дека во текот на престојново лето одредени делови на Земјата ќе бидат зафатени од невообчаен топол бран, што ќе доведе до повисоки температури од вообичаените за тој период од годината.