Меѓународната рејтинг агенција Фич (Fitch) го потврди суверениот кредитен рејтинг на Русија на ниво БББ минус со „стабилна“ прогноза, јави ТАСС.
Во соопштението на Фич до медиумите се наведува дека Русија „дала доверлив одговор на политиката на драстичен пад на цените на нафтата. Еластичниот менувачки курс, цврстото почитување на таргетираната инфлација, буџетската консолидација и поддршката на финансискиот сектор овозможиле да се здржи надежниот надворешен и буџетски баланс“.
Според оценките на Фич, инфлацијата во Русија кон средината на 2017 година ќе достигне четири отсто. Освен тоа, агенцијата очекува во 2017 година намалување на буџетскиот дефицит до 2,4 отсто од БДП и до 1,4 отсто од БДП во следната 2018 година, од 3,4 отсто од БДП во 2016 година, заради зголемување на приходите од гас и нафта во буџетот и замрзнување на расходите.
Фич прогнозира дека земјата ќе ги задржи силни и стабилни своите финансии и покрај ризиците за реализирање на буџетската стратегија.
-Руското Министерство за финансии позитино ја оценува одлуката на Фич, пред новинарите изјави министерот за финансии, Антон Силванов.
Според него, оваа одлука ја одразува убеденоста на агенцијата во стабилноста на руските државни финансии и во успехот на мерките што ги презема владата за адаптирање на руската економија кон условите на ниски цени на нафтата, пренесе ТАСС.