Могерини: Европската одбрана нема да се соочи со посериозни проблеми поради Брегзит

Од:

Одбраната и воените мисии на ЕУ нема да се соочат со многу големи проблеми поради Брегзит, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Таа на средба на министрите за надворешни работи од НАТО, истакна дека британскиот придонес изнесува три отсто од граѓанскиот капацитет на ЕУ и пет отсто од воените операции.

– Тоа е вреден придонес, но сигурно и без него дејностите на ЕУ во областа на одбраната и безбедноста можат да продолжат да работат одлично. Тоа не е дел, кој останатите земји членки не можат да го надополнат откако Британците ќе ја напуштат ЕУ, нагласи Могерини.

Шефицата на европската дипломатија изрази надеж дека „може да се изгради добра и стабилна соработка во областа на одбраната и безбедноста и по Брегзит“.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он