Бројот на живината во 2016 година, во споредба со 2015 година, во земјава е зголемен за 5,9 отсо, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци во минатата година во земјава е забележано зголемен број говеда за 0,5 отсто. При тоа кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 1,3 проценти, додека кај деловните субјекти е намален за 21,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2016 година, во споредба со 2015 година, е зголемен за 2,5 отсто, додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 4,3 отсто.
Кај овците е забележано намалување на бројот на овците и тоа кај индивидуалните земјоделски стопанства за 0,7 отсто, а кај деловните субјекти бројот на овци е намален за 16,2 отсто.
Според објавените податоци бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 15,6 отсто, а кај деловните субјекти е зголемен за 8,8 отсто.