Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер ја смета за неумесна поддршката од други држави кон напуштањето на ЕУ.
– Јункер не сака да и предложи на некоја американска сојузна држава да ги напушти САД. Тој смета дека тоа не е умесно, изјави денеска на прес-конференција портпарол на комисијата.
Претседателот на ЕК вчера, при посетата на Малта посочи дека ќе „ги поттикне Тексас или Охајо да излезат од САД, доколку американскиот претседател Доналд Трамп продолжи видно да се радува“ на излегувањето на Велика Британија од ЕУ, пренесува БТА.