Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Будимпешта од почетокот на мигрантската криза поставила вистински прашања за миграцијата и давала прави одговори додека Западот „и понатаму е неколку години зад Унгарија“.
Тој во интервјуто за државното радио, невладините организации и меѓународни мрежи ги нарече „морално неприфатливи“, инсистирајќи дека таквите групи немаат ништо со цивилните организации.
– Таквите групи ги напаѓаат полицајците и војниците кои ја чуваат државната граница. Таквата ситуација е добро организирана мигрантска работа, посочи Орбан.
Тој повтори и дека Европскииот суд за човекови права треба да биде расформиран.