Кривична пријава за пет лица за грабеж на британски државјанин

Од:

СВР Тетово-Полициска станица Гостивар поднесе кривична пријава против пет лица поради сомнение дека сториле две кривични дела „разбојништво“ и „противправно лишување од слобода“. Тие, според пријавата пред десет дена ограбиле британски државјанин кој бил на пропатување со велосипед низ Македонија.

Со кривичната пријава се опфатени А.Б (33), М.С. (36), А.Х. (30) од гостиварското село Симница и уште две засега непознати лица (машко и женско ) и по нив се трага, информираат од СВР Тетово.

– Петте пријавени лица се сомничат дека на 21-ви овој месец, во попладневните часови, на паркинг на регионалниот пат Бунец-Маврови Анови ги извршиле овие дела над О.М.Џ (32) британски државјанин и притоа му причиниле штета од околу 80.000 денари. Тројцата осомничени кои се во бегство, од претходно им се познати на службите поради нивната инволвираност во различни криминални активности, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

За време на расветувањето на овој случај, пронајдени се и одземени три возила, „голф“, „пасат“ и „поло“ и испратени на вештачење, а пронајдени се и украдениот велоспиед и дел од работите кои му биле одземени на Британецот.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он