ВИДЕО: Вељаноски и го исклучи микрофонот на Шахпаска додека зборуваше

Од:

Поранешниот претседател на Собранието и претседавач на конститутивната седница, Трајко Вељаноски, го исклучи микрофонот на пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска, додека таа говореше за неуспесите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој веднаш побара од службите да биде исклучен микрофонот и да го стопираат времето, и за разлика од односот кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тој на Шахпаска и објаснуваше дека нејзиниот говор не бил процедурален бидејќи не зборела за процедурата.

Вељаноски на 5. ден дебата, откако, наместо да се зборува за избор на членови на Комисијата за избори и менување, партиите си поделија меѓусебни навреди, се сети дека треба да ги бираат членовите.

Така, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ држеа политички говори, тоа не беше никаков проблем, а кога пратениците од СДСМ им враќаа на навредите, тие веднаш беа прекинувани.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции