Албанија ќе ги затвора амбасади поради економската криза

Од:

Шефот на албанската дипломатија, Едмонд Панарити, најави дека поради економската криза и недостиг на фондови, ќе бидат затворени неколку албански амбасади и дипломатски мисии во светот, јави дописникот на МИА од Тирана.

Буџетот на Министертвото за надворешни работи за следната година е помал за 60 милиони лека (околу 30 милиони денари) споредено со годинава и до сега се затворени амбасадите во Аргентина и во Куалалумпур.

– Вкупно имаме 50 амбасади и мисии, а ова го прават и држави многу помоќни од нас. Со голема одговорност разгледуваме и одлучуваме да го редуцираме бројот на нашите дипломатски претставништва. Се наоѓаме во една тешка ситуација. Несомнено дека ќе се разгледа можноста за затворање и нивно повторно отворање во некои подобри времиња, изјави Панарити, на седница на парламентарната комисија за надврошена политика на која се разгледувал предлог-буџетот на државата за следната година.

Според него постои опасност Албанија да биде исклучена од меѓународни организации поради фактот што Министертвото за надврошени работи нема пари да ги плати обврските и квотите за членство. Тој нагласил дека побарал од Владата и Министерството за финасии зголемување на буџетот на Министертвото за надворешни работиза 1,3 милиони евра со цел да се плати членарината во Обединетите нации, како и други организации, но тоа не било прифатено.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски