Проект за домување на ромската заедница во Кичево

Од:

Кои проблеми ги засегаат Ромите од Кичево во делот на домувањето, треба да покаже прашалникот кој е дел од проектот „Домување – чекор напред кон подобра иднина на ромската заедница“.

Според координаторот на проектот Идавер Реџепоски, прашалникот беше спроведуван 30 дена во населби каде што живеат Роми.

Проектот го имплементираат здруженијата Национален ромски центар од Куманово и Авена од Кочани, а подизведувач е организацијата на ромската младина „Бела кула“ од Кичево. Финансиран е од ЕУ и ќе трае шест месеци, од 15 јануари до 15 јули 2017 г.

Предвидено е организирање три информативни работилници за лица кои имаат проблем со домувањето. Ќе присуствуваат претставници од институции на локално ниво со цел изнаоѓање решение и надминување на проблемот.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски