(ВИДЕО) Ивановски: Претседателот на ССМ од понеделник до петок е во две кафеани или во владата по инструкции

Од:

На седницата за труд и социјална политика, свикана не од претседателот на Комисијата туку од спикерот Вељаноски, опозицијата праша зошто Вељаноски не дојде и зошто е нем цело време кога станува збор за расправата за законот за бранители.

„Вељаноски седи во удобниот кабинет и е некултурно што не дојде“, рече Игор Ивановски.

Ивановски праша зошто на седницата не е поканет претседателот на Синдикатот, Живко Митревски, кој, рече во сабота издаде соопштение со наводна загриженост дека се кочат од страна на опозицијата социјалните и пензиските права, а, рече Ивановски, од понеделник до петок истиот тој Митревски седи во две кафеани и доручкува, руча и вечера со синдикални пари или е во Влада по инструкции.

Ивановски праша зошто не е дојдена и претставничка од „Мајчинство“, која трагично повикуваше опозицијата да има слух.

Оваа организација не може ни на google да се најде, бидејќи е најверојатно е една од серијата невладини кои добиваат европски пари и ги злоупотребуваат.

На расправата ја немаше и директорката на Домот за деца без родители 11-ти Октомври, Ристенка Атанасова која треба да одговори за алармантната состојба во домот.

И на крај зошто го нема претседателот на сојузот на пензионери, Драги Аргировски, кој, рече Ивановски, е како петок и сабота со министерот Спиро Ристовски.

„Лично сакаме да го прашаме зошто не се согласува со нашиот предлог пензиите наместо од први март, да се зголемат од први јануари 2013-та. Сите актери на оваа фарса, ги нема“, рече Ивановски.

Претседавачот на седницата, Миле Пачемски објасни дека седницата е свикана согласно Деловникот, бидејќи претседателот на Собранието го има тоа право.

Сите поканети кои што ги посочи Ивамовски, можеа сами да дојдадт бидејќи од медиумите знаеа дека денеска ќе се одржи ваква седница.

 

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги