Левица: Да престане циркусот во Парламентот, граѓаните заслужуваат одговорни пратеници

Од:

„Згрозени сме од несериозното однесување на народните избраници во Парламентот. Левица бара од пратениците да се вразумат и конечно да почнат да работат во интерес на огромното мнозинство осиромашени и обесправени граѓани! Граѓаните очекуваат час поскоро да почувствуваат подобрување на нивната економска состојба, а наместо тоа пратениците им приредуваат политички магли и замајувања. Додека им траат одолговлекувањата, надмудрувањата и меѓусебните препукувања во Парламентот, граѓаните се мачат да врзат крај со крај и се’ повеќе осиромашуваат.

Ниту неодамна објавениот „патоказ“ на ВМРО ДПМНЕ ќе помогне за да се надмине ќорсокакот во кој се наоѓа нашето општество, а ниту пак предлогот на ДУИ и СДСМ за собраниски спикер, Талат Џафери, е во насока да добиеме функционален Парламент.

– Пратеници, имајте на ум дека довербата што ви ја дадоа граѓаните на изминатите избори не е трајна! Досега, со ништо не ја оправдавте! Ниту имавте доблест да ги донирате трите дебели незаработените плати, а ниту пак откако седнавте во собраниските фотелји нешто сработивте во интерес на народот!“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

До спикерот Гаши доставено барање за укинување на имунитетот на Јанчев

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

(ВИДЕО) Станкоска: Дали со еден стан Орце го реши проблемот на жените жртви на насилство?!

(ВИДЕО) Крмов: Секој трет денар во Буџетот е задолжување и од странски пари

(ВИДЕО) Исмаил: Предлог-буџетот предвидува нови две милијарди евра задолжување на државата

Левица: Згрозени сме од нечовечкиот повик на премиерот за веселба веднаш по солзите на мајките од Кочани

Катерина Ѓуровски