ЕУ разочарана од застојот во напредокот на БиХ

Од:

Европската унија е разочарана од застојот во напредокот на Босна и Херцеговина кога е во прашање реформскиот процес во насока на евроинтеграциите, а посебно разочарување ЕУ изразува поради продолжувањето на сецесионистичката реторика во земјата, стои во извештајот на Европската комисија во врска со напредокот на БиХ, јавува Анадолија.

Советот на Европската унија го цени прогресот остварен на почетокот на 2012 година, а кој се гледа во формирањето на Советот на министри на државно ниво и носење на Законот за државна помош и Законот за пописот на населението.

Како што се наведува во извештајот, Советот на Европската унија недвосмислено ја поддржува европската перспектива на БиХ со поддршка на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.

Челниците на Европската унија разочарани се поради неисполнувањето на Патоказот предвиден за јуни 2012 година, но и загрижени се поради нереализацијата на претходно постигнатите политички договори.

Приоритет на Босна и Херцеговина мора да биде спроведување на уставните реформи во светло на одлуката на Европскиот суд за човекови права во случајот Сејдиќ-Финци, а посебен труд треба да биде вложен во насока на имплементација на таа одлука за во целост да биде активирана Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

БиХ е повикана да ги исполни сите потребни услови за да дојде до затворање на канцеларијата на високиот меѓународен претставник, а ЕУ ќе продолжи да го разгледува намалувањето ингеренции и преместување на тоа меѓународно претставништво.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија