Вкупно 2.759 барања од граѓани до општинскиот центар за услуги во Гевгелија

Од:

Голем број жители на општина Гевгелија изминатата година добиле потребна помош или пак целосно ги решиле своите проблеми преку користење на алатките за комуникација со граѓаните, кои функционираат во рамки на општинскиот центар за услуги, информираат од општина Гевгелија.

– Преку истурените канцеларии во Миравци, Богородица, Негорци и Прдејци по разни онови од страна на граѓаните примивме 2.759 барања. Најголем број од нив, односно 657 се однесуваа на пријави за дефекти на уличното осветлување, а приближно исто толку или 648 биле за издавање потврди за точни адреси на живеење, потврдија од општинскиот центар за услуги на општина Гевгелија.

Над 500 граѓани побарале и оствариле прием кај градоначалникот Иван Франгов, а биле пријавени и 209 новороденчиња на кои општината им го исплатила предвидениот надоместок од 6.000 денари за прво и 12.000 денари за третородено дете.

Алатката „Систем 48“ ја искористиле 378 граѓани од кои што на 299 пријавеното барање им било решено во рок од 48 часа.

Би можело да ве интересира

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on