Еврокомесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, на прес-конференција по носењето на заклучоците на Советот за општи работи во врска со претстојниот Самит на Европскиот совет, порача дека Македонија добила, а не загубила ништо. Според Филе, ако Комисијата напролет издаде позитивен извештај и Советот истиот го прифати во јуни 2013 година, тогаш е можно нашата земја токму во овој месец да почне да преговара за членство во ЕУ, известува дописникот на МИА од Брисел.
– Со овие заклучоци, Европската унија стави јасно до знаење дека и во време на големи предизвици не смееме да го загубиме моментумот на проширувањето. Јас сум задоволен што министрите за надворешни рбаоти на земјите-членки го усвоија пакетот за проширување, при што владењето на правото е во центарот на политиката за проширување. Ние од вечерва кажуваме нова приказна во врска со проширувањето. Ова е динамична година за проширување, Хрватска на пат кон ЕУ, Црна Гора почна преговори, Србија стана кандидат. Со овие заклучоци имаме добра перспектива следната година да го задржиме моментумот, потенцира Филе на синоќешната прес-конференција.
Во врска со Република Македонија, комесарот го поздрави позитивниот залучок на Советот. Тој вели дека истиот значително ќе ја придвижи напред релацијата на Македонија со ЕУ, по статичниот речник последните четири години.
– Здивот на дискусијата во Советот и нивото на посветеност на поранешната југословенска Република Македонија демонстрира интерес кај државите-членки за земјата да се движи напред на патот кон Европа. Овој заклучок дава реална перспектива за отворање на пристапните преговори во блиска иднина. ЕК ќе почне да работи на извештајот кој Советот го побара од нас, што е есенцијално во врска со продолжување на моментумот во сите области со цел преговорте да се отворат во летото 2013 година. Се надевам дека овој нов амбициозен јазик ќе се разбере како можност за изнаоѓање на заендички прифатливо решение за името и да се затвори ова поглавје, вели комесарот за проширување.
На прашањето на дописникот на МИА од Брисел дали Униајта е заложник на една земја-членка, во случајов Грција, која четири години по ред ја спречува Македонија да ги почне преговорите за членство и покрај позитивните препораки на Комисијата и дали заклучокот за Македонија е пораз за него лично и за целиот процес за проширување, со оглед на тоа што истиот е празен и нема прецизен датум, Филе со одговор: – „Има моментум креиран годинава во врска со проширувањето и овие заклучоци што денеска ги усвои ГАК креираат услови за овој моментум да продолжи и да биде засилен идната година. Ургирам добро да го прочититате заклучокот и ќе видите дека креира јасна рамка за ако поранешната југословенска Република Македонија испорача реформи, вклучително во областа на добрососедските односи и прашањето за името, има многу добра перспектива. Врз основа на извештајот на ЕК, Советот ќе ја усвои одлуката за почеток на пристапните преговори за време на следното претседателство со Унијата“, потенцира еврокомесарот за проширување.
Според Филе, следното претседателство ќе биде зафатено со оценките на Комисијата и ако тие бидат позитивни, тогаш ЕК ќе подготви рамка за за почеток на преговорите.
– Не, не сум јас тој што греба да биде загрижен. Мислам дека оној што добива многу се сите луѓе, Македонци (н.з. комесарот го именуваше правилно мнозинскиот народ во нашата земја), кои живеат во регионот. Ова е првпат да имаме нестатички јазик кој креира услови за нестатички решенија на ова прашање, потенцираше Филе.
На провокацијата на бугарски новинар дека претходните блокади на Македонија беа поврзани со прашањето за името, а сега од земјата се бараат добрососедски односи и дали нејзинито проблем се зголемува и како комесарот очекува истиот да се реши до јуни 2013 година, Филе одговори дека добрососедските односи не се новост во овој заклучок на Советот.
– Добрососедските односи се еден од најважните Копенхашки критериуми, што мора да се испорача во однос на членството во Унијата. По големиот број на позитивни чекори превземени од Софија и Скопје изминатиот период, јас не се плашам дека прашањето таму ќе станува поголемо. Бугарскит оминистер за надворешни работи испрати позитивен предлог до својот колега во Скопје во врска со ова и сигурен сумд ека тие двајца ќе најдат начин земјите да се договорат со поддршка од наша страна, одговори првиот човек за проширување на ЕУ.
На прашањето на шведски новинар како се бара од Македонија да ја реши својата домашна работа во врска со прашањето за името, за кое треба да има волја и кај Грција и какви ветувања има од Грците, односно каков притисок би извршила Комисијата врз нив за во рок од четири месеци се реши ова прашање поради кое Македонија четири години еднопдоруго е блокирана, Филе потенцира дека треба да се најде заеднички прифатливо решение во рамки на преговорите што со псоредство на медијаторот Метју Нимиц се водат под капата на Обединетите нации.
– Нимиц им помага на двете страни во интензивирање на процесот и по наскоро ќе го посети регионот, при што јас сум сигурен дека целиот процес ќе има добивка од моментумот, односно овој нов јазик во врска со поранешната југословенска Република Македонија. Пред некое време Атина испрати Меморандум за разбирање со предлог истиот да се потпише со цел остварување на добрососедски односи меѓу Атина и Скопје. Јас видов добра реакција од Скопје и имам надеж дека ќе следи и самото тоа ќе креира дополнителна позитивна атмосфера за наоѓање на заеднички прифатливо решение, одговари Филе.
Според еврокомесарот за проширување, најважен аргумент е дека Грција е сериозно посветена на ова прашање и тој го поздравува фактот дека Грците го прифатиле овој нестатичен заклучок од стрнаа на Совет за општи работи.
– Ако го погледнете заклучокот, отворање на можноста за почеток на пристапните преговори за време следното претседателство со ЕУ ја покажува јасната посветеност на Грција за проширувањето, добрососедските односи и наоѓање на заеднички прифатливо решение на прашањето за име, заклучи Филе.
Кипарската министерка за надворешни работи Ерато Козаку-Маркулис, која претседаваше со вечерашниот ГАК, посочи дека е задоволна што Совет усвоил нестатичен заклучок и текст кој овозможува Македонија да се движи напред во евроинтегративнито процес.
– Врз база на извештајот на ЕК кој треба да го издаде напролет во 2013 година, имплементацијата на реформите во врска со Пристапниот дијалог на високо ниво, чекорите во врска со добрососедските односи и наоѓање на заедничко прифатливо решение за името, тогаш е можна одлука на Европскиот совет да отвори пристапни преговори со поранешната југословенска Република Македонија. Ако оценката биде позитивна, Комисијата по препорака на ЕС ќе треба без одлагање да одреди рамка за преговори и процес на аналитичко испитување на поглавјата поврзани со судството и основните човекови права, судството и слободата на изразување и безбедноста, потенцираше кипарската министерка, според која овој заклучок креира потребен моемнтум и позитивен развој од кој корист би имала нашата земја и поширокиот регион.
– Ова дава придонес за натамошен напредок во односите на ЕУ и поранешната југословенска Република Македонија и со позитивна одлука на Советот, следниот семестар Скопје да и отвори пристапните преговори, додаде Козаку-Маркулис.
Иако и Македонија и Србија не добија конкретен датум за почеток на преговорите за членство, ниту Босна стана кандидат за членство, ниту Косово доби потпишување на Договор за стабилизација и асоцијација, што во Брисел се гледа како на целосен крах на процесот на проширување на Унијата, Филе и кипарската министерка се обидоа зборовно полните, но суштински празните заклучоци да ги претворат во победа на процесот поради кој ЕУ вчера доби Нобелова награда за мир. Оштиот впечаток е дека и двајцата тоа го сторија неуспешно, а дека е се појасно дека економските проблеми полека го ставаат приемот на нови членки во Униајта во втор план.