Делегација од Нанчанг во посета на Скопје

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, претседателот на Советот Ирена Мишева и советниците Слободанка Алексовска, Драги Давчевски и Ќемал Муслиу денеска се сретнаа со делегацијата од збратимениот град Нанчанг, Народна Република Кина.

Делегацијата од Кина ја предводи заменик-градоначалникот на Нанчанг Хуа Чинг, а составена е од претставници од локалната и од регионалната власт од областа на меѓународната соработка, индустријата и информатичките технологии.

На средбата, како што соопшти Град Скопје, градоначалникот Трајановски потенцирал дека Скопје и Нанчанг имаат богата историја на успешна соработка во многу области и изразил надеж оти таа ќе продолжи и во иднина.

– На средбата беше разговарано за соработката меѓу двата града, како и за повеќе форми за нејзино продлабочување. Како области во кои може да се подобри соработката на средбата беа издвоени економијата, туризмот, информатичката технологија и фармацевтската индустрија, соопшти Град Скопје.

Скопје и Нанчанг се збратимени од 1985 година и постои продлабочена соработка, пред се во областа на културата. Минативе две години во Скопје гостуваа културни ансамбли од Нанчанг каде со посебен настап се одбележа Кинеската Нова година. Во 2016 година делегација од Град Скопје, составена со претставници на повеќе сектори од администрацијата и Советот на Град Скопје, беа во повеќедневна посета на Нанчанг.

Нанчанг е главен град на провинцијата Јиангчи во југоисточниот дел на Кина и има популација од повеќе од 5 милиони жители. Нанчанг е еден од најголемите центри на автомобилската индустрија во Народна Република Кина, како и центар за производство на традиционални кинески медикаменти. Во изминативе години прераснува во центар на информатичка и други видови на „висока технологија“.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот