Крадци од трезорот на берлинскиот музеј „Бода“ украле златник тежок 100 килограми, што вреди 3,8 милиони евра, соопшти берлинската полиција.
– Ноќта во понеделникот од складиштетот на „Бода“ музејот на берлинскиот Музејски украден е канадски златник со ликот на британската кралица Елизабета Втора. Се уште се трага по крадците, стои во соопштението.
Златникот наречен „Голем лист јавор“ е втор по големина златник во светот.
Специјалната единица на берлинската полиција задолжена за решавање на кражби на уметнички дела ја води истрагата за случајот.