Унгарија ќе донира 3,2 милиони евра на христијанските заедници на Блискиот исток, со цел да им помогне да останат во својата родна земја, се наведува во владиниот декрет.
Според оваа одлука, помошта се однесува и на припадниците на другите загрозени вероисповести или националности, пренесува Танјуг.
Во владиното соопштение се прецизира дека дел од парите е наменет за обнова на куќите во Ирак, а другиот дел за поддршка на хуманитарната работа на христијанските хуманитарни организации во Либан.