Романскиот претседател Клаус Јоханис испратил писма до Сенатот и Пратеничкиот дом, во кои се предлага Парламентот да одобри создавање оддел на контраразузнавањето на НАТО на територијата на земјата.
Врз основа на решенија од средбата на врвот на НАТО во Варшава минатата година, во рамки на пакетот мерки за обезбедување зајакната база на југоисточниот дел на Алијансата, беше одлучено на територијата на Романија да бидат поставени командно-контролни структури на НАТО, се наведува во соопштението на шефот на романската држава.
Согласно документот, создавањето на таа структура е дел од напорите за реализирање на тие мерки за зајакнување на способноста за реакции при различни предизвици во сферата на меѓународната безбедност.
Одделот на контраразузнавањето на НАТО ќе работи при Штабот на мултинационалната дивизија „Југоисток“ во Букурешт, се потврдува во писмото на претседателот Јоханис.