Разузнавачкиот комитет на Сенатот планира да го испита зетот на Трамп

Од:

Разузнавачкиот комитет на американскиот Сенат планира да го испита зетот на шефот на државата, Џеред Кушнер, во рамки на истрагата за врски меѓу соработници на Доналд Трамп и руски официјални претставници, пишува денеска „Њујорк тајмс“.

Кушнер, кој беше советник на Трамп за време на предизборната кампања и во Белата куќа, е најблиската личност на американскиот претседател која ќе биде испитувана во врска со тоа прашање.

Комитетот има намера да добие информации од Кушнер за двата состаноци кои ги договорил рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кисљак во Кулата Трамп во Њујорк во декември минатата година, како и информации за состанокот со шефот на руската државна банка за развој „Внешекономбанк“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина