Лавров: Европа да работи на јакнење на имплементацијата на договорот Минск 2

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека Москва би сакала европските партнери да вложат поголеми напори за имплементирање на договорот Минск 2.

– Сите сме загрижени поради тоа што се случува во Украина, и не само во источна Украина. Би сакале нашите европски партнери да бидат поупорни во „притискањето“ да се имплементира договорот од Минск, изјави Лавров на состанокот со шефот на италијанската дипломатија Анџелино Алфано.

Италијанскиот министер, пред посетата на Русија, изјави дека официјален Рим „силно верува“ во дијалогот со Русија и дека сака да ги убеди своите партнери во важноста на улогата на Русија на светската сцена.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави Планот за стабилност од 10 точки: Нема да се откажеме од правото на територија

А1он

Седумгодишно дете доби понуда за работа од руска ИТ компанија

А1он

Почина познат руски балетан, падна од балкон на петтиот кат од неговата зграда

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Во нов руски напад на Украина загинаа двајца железничари

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина