Поранешниот потпретседател на САД Џозеф Бајден тврди дека би победил во изборната трка против Доналд Трамп, доколку тој беше кандидат на демократите.
– Да бев јас кандидат на демократите, ќе победев во претседателската трка против Доналд Трамп, изјави Бајден, во обраќањето на Универзитетот Колгејт во Њујорк.
Тој дополни дека планирал да учествува во претседателската трка, пренесе Анадолија. Претенденти за демократски кандидат беа Берни Сандер и Хилари Клинтон, која подоцна и изгуби од републиканецот Трамп.