Хјустон поуспешен од Оклахома Сити

Од:

Екипата на Хјустон ноќеска постигна нова победа совладувајќи ја на свој терен Оклахома Сити. Кошаркарите на домашниот тим натпреварот го завршија со просек на шут од игра од 63 проценти, а притоа погодија и 20 тројки и имаа 32 асистенции.

Џејмс Харден кај Хјустон постигна 22 поена со 12 асистенции, а најпрецизен беше „резервистот“ Лу Вилијамс со 31 поен, додека кај поразената екипа Расел Вестбрук го „запиша“ 36. „трипл-дабл“ сезонава – 39 поени, 11 скокови и 13 асистенции.

Важна победа во борбата за осмото место на „Запад“ постигна Портланд, кој го искористи поразот на Денвер и сега се наоѓа пред него на табелата во оваа конференција.

Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Шарлот – Феникс120:106,
Атланта – Бруклин 92:107,
ЛА Клиперс – Сакраменто 97:98,
Милвоки – Чикаго 94:109,
Хјустон – Оклахома Сити 137:125,
Индијана – Филаделфија 107:94,
Бостон – Мајами 112:108,
Голден Стејт – Мемфис 106:94,
Денвер – Њу Орлеанс 90:115 и
ЛА Лејкерс – Портланд 81:97.

Пласман Источна конференција: Кливленд 47-25 (победи-порази), Бостон 48-26, Вашингтон 45-28, Торонто 44-29, Атланта 37-36, Милвоки 37-36, Индијана 37-36, Мајами 35-38, Чикаго 35-39, Детроит 34-39,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 59-14, Сан Антонио 56-16, Хјустон 51-22, Јута 44-29, ЛА Клиперс 44-31, Оклахома Сити 41-31, Мемфис 40-33, Портланд 35-38, Денвер 35-38

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on