Одборот на директори на Светската банка одобри кредит од IBRD за Босна и Херцеговина во износ од 74,50 милиони евра (80 милиони американски долари) за Операцијата за развојната политика на јавните финансии.
Таа програма ќе обезбеди буџетска поддршка за поттик на донесување на политики од властите во БиХ, со кои ќе се развијат јавните финансии и ќе се намалат фискалните притисоци во среднорочен период.