Марин Ле Пен: ЕУ ќе умре, глобалистите ќе бидат уништени

Од:

Европската унија ќе умре, а глобалистите ќе бидат уништени, изјави лидерот на францускиот крајнодесничарски Национален фронт и кандидат за претседател на Франција, Марин ле Пен во градот Лил, во северниот дел на земјата.

– ЕУ ќе умре, бидејќи луѓето не ја сакаат. На арогантните и хегемонистичките империи им е пишано да загинат, рече Ле Пен.

– Дојде време за уништување на глобалистите, истакна таа и ги обвини своите политички ривали, центристот Емануел Макрон и конзервативецот Франсоа Фијон за предавство поради нивните политички платформи за поддршка на ЕУ и пазарната економија.

– Претседателските избори во Франција се следната фаза од глобалниот бунт на луѓето, по Брегзит и победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Вистинскиот влог во Франција ќе биде преживувањето или смртта на ЕУ. Тие ќе бидат своевиден референдум, додаде Ле Пен.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица