А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Новата Влада на граѓаните ќе обезбеди современо јавно здравство, заврши времето на Тодоров!

by А1он26/03/2017 - 18:4282
Share0

„Новата реформска Влада ќе ги изгради, реконструира и ќе ги опреми општите и клинички болници во Македонија за да осигура дека секој граѓанин ќе ја добие потребната здравствена грижа.

Добивај вести на вибер

Освен што ќе го направиме бесплатно болничкото лекување за сите, ќе овозможиме и достоинствени услови за лекување на клиниките. Ќе изградиме нов, современ, функционален, универзитетски Клинички центар за граѓаните.
Никола Тодоров нема веќе што да им ветува на луѓето. Тие секојдневно ги чувствуваат катастрофалните политики со кои во изминатите 10 години ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше здравството.

Тодоров уште од 2013 година најавува набавка на опрема за Општата болница во Струмица, но се уште нема ништо од тоа што го вети. Денешното ветување на Тодоров за набавка на нова опрема за болницата е истото од мај 2016 година кога вети дека набавката ќе се реализира во јуни 2016, што не се случи.

Ако сакаше, Тодоров досега можеше да ја опреми болницата, но тој мислеше на тендери. Времето на лажни ветувања на Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ заврши. Тендер политиките заминуваат заедно со неодговорните и корумпирани политичари.

Здравјето на граѓаните е врвен приоритет за новата Влада. Затоа сме цврсто определени да создадеме квалитетно, ефикасно и модерно јавно здравство според успешни примери од европски земји.

Затоа неопходно е претседателот Заев да го добие мандатот. Следува избор на претседател на Собранието, а потоа и формирање нова реформска Влада за граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 13:3411/04/2026 - 13:35

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто