СДСМ: Новата Влада е народот, не Груевски!

Од:

„700.000 граѓани на кредибилни избори, преку своите 67 избрани пратеници во Парламентот гласаа за промени и за нова реформска Влада.

Никола Груевски не е повеќе факторот што кажува по кој пат ќе оди Македонија, изолација или напредок.
Груевски не е народот.

Груевски е уплашен осаменик кој злоупотребува медиуми за да лаже и вознемирува граѓани. Злоупотребува деца, ученици за лични цели. Дели луѓе. Шири омраза. Се плаши дека ќе одговара за криминалите и злоделата и подготвен е за своите цели и интереси да ја турне земјата во длабока политичка криза со несогледливи последици.

Граѓаните тоа нема да го дозволат. Граѓаните од сите етнички заедници стојат заедно зад Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија.

Мнозинската волја на граѓаните мора да се почитува. Има легитимно парламентарно мнозинство. Ќе има и нова Влада на граѓаните на Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ