Запленети 10 килограми тревкаста материја

Од:

Околу 10 килограми тревкаста материја вчера била запленета на граничниот премин „Табановце.

Како што соопшти МВР, околу 8 часот при преглед на автобус „МАН“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.Ј. (42) од село Равен, гостиварско, мобилен тим на Царинската управа во патна торба пронашол 10 полиетиленски пакувања сомнителна тревкаста материја со вкупна тежина од околу 10 килограми.

Како втор возач на автобусот било лицето Ј.A(45) од село Алиѓерци-Прешево, Република Србија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он