Награда за послушност или стручност? Јосифовски нов уставен судија

Од:

Награда за послушност или стручност?

Власта и опозицијата со разчични аршини го оценија предлогот нов уставен судија да биде поранешниот претседател на државната изборна комисија Јован Јосифовски .

Од СДСМ велатдека  она што Јосифовски го изработи со фалсификуваните избори на Груевски било награда за да биде сместен во судот кој треба да се грижи за Уставот.

„Јосифовски е партиски човек,  во ДИК ги застапуваше интересите на ВМРО-ДПМНЕ. Јосифовски нема да биде независен кандидат и нема да донесува одлуки по сопствено наоѓање“, рече Благоја Стојановски .

За власта обвинувањата се неосновани. Велат, Јосифовски   ќе биде одличен чувар на Усатвот.

„Јосифовски не е член на ВМРО-ДПМНЕ, ниту бил член на партијата. Тој е истакнат правник со долгогодишно искуство“, рече  претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Илија Димовски.

Јосифовски  во 2006-та година, пред изборите со новите решенија во Изборниот законик,  од државен советник во Собранието стана претседател на Државната изборна комисија.

Јован Јосифовски треба да стане член на Уставниот суд на местото на Вера Маркова, чиј мандат истекува во јануари следната година.

Неговиот син  Борис Јосифовски е советник за внатрешна политика во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски